Македонска берза се приклучи кон глобалното хуманитарно движење „Pay it Forward“
вторник, 09 април 2019

Македонска берза АД Скопје се приклучи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, која трета година по ред е промотор на глобалното хуманитарно движење „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму). Целта на акцијата е да промовира и да шири позитивна енергија, како и да развива чувство на заедништво и сплотеност меѓу луѓето, односно да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки.

„Pay it Forward“ (Продолжи понатаму) функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат, односно единствено треба да побарате и тие понатаму да направат неколку добри дела за други луѓе.

Македонска берза, во наредниот период ќе организира бесплатна обука на тема „Основи на анализа на финансиски извештаи“ за студенти и невработени лица во времетраење од 2 дена. Со оваа обука, учесниците ќе се запознаат и ќе ги продлабочат знаењата во врска со структурата на основните финансиски извештаи, како и алатките и техниките на изготвување и анализа на финансиските извештаи. Со овој скромен придонес, Македонска берза, безрезервно се приклучи кон ова глобално движење на добра волја.

Линк за настанот:  https://www.facebook.com/events/415157632384576/